„Изјавата на Закаријаш ја почувствував како многу непријатна, затоа што ова значи помагање на бугарската позиција во спорот“, вели поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска во емисијата „Само вистина“.
Според неа, од друга страна, ако одите во Португалија и кажете дека нивниот јазик е сличен со шпанскиот, тогаш ќе наидете на голема непријатност и проблеми.
„Јазиците со Бугарија ни се сосема различни, иако и двата се словенски“, додаде Марковска.
„Северна Македонија помина низ тешки преговори со Грција – сетете се дека земјата си го смени името. Но, тоа е многу тешко, бидејќи е исто така поврзано со Бугарија како култура и јазик. Очигледно е поврзано со јазикот на Северна Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји“, изјави денеска државната секретарка за европски прашања, Ана Паула Закаријаш