Марковска: Од каде опозицијата извади толку пари, нели имаат блокирана сметка?

од Vladimir Zorba
2,7K прегледи

„Совршено бев свесна дека ова се избори на кои ќе доминираат големите партии. Од двете страни, поактивирана беше опозицијата, имаше изборен поткуп и притисок. Би било убаво да дознаеме од каде им се парите. Ние знаеме, но граѓанството не знае. Нели имаат блокирана сметка? Јас тргнав и без сендвичи и кафе во кампања“, изјави Ѓулистана Марковска во Утрински брифинг.

Според неа, по оставката на Заев, државава е во политичка криза.

– Како ќе успеат да го изведат тоа да постигнат мнозинтво кое ќе биде многу кревко не знам колку е исплатливо. Мислам дека Македонија треба да биде една изборна единица, вели Марковска.