Понудата од ЛДП и ДОМ ми пружи слобода, тоа е концепт коалиција со граѓаните, кажа Ѓулистана Марковска, кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода во Студио 10 на ТВ24.
-Ова не е политичка функција од висока политика, локалните политики моментално се најгорливите проблеми. Комуналните проблеми го засегаат секој граѓанин. Концептот е дека на локални избори треба да победуваат личности, а не партии. Треба да се отворат општините, таргет групата се разочараните граѓани (неопределените), на кои им е доста од гласање. Време е во Македонија да се менуваат изборите. Од локалните избори не зависи иднината на државата, туку иднината на граѓаните, изјави Марковска.