Мароко има адут за организација на СП 2030: Го гради најголемиот стадион на планетата

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Мароко им се придружи на Шпанија и Португалија во обидот да го организира Светското првенство во 2030 година, а ќе имаат силна предност против квартетот Аргентина-Уругвај-Чиле-Парагвај, а тоа е најголемиот стадион во светот! Владата на Мароко и Фудбалскиот сојуз на оваа земја го потврдија почетокот на изградбата на стадионот „Гранд Казабланка“ кој ќе има најголем капацитет во светот од 115.000 седишта.
Националниот стадион „Први мај“ во севернокорејскиот главен град Пјонгјанг во моментов има 114.000 седишта.

Проектот го направи американската компанија „Популус“, изградбата му е доверена на „Сонаргес“, а проценката за овој стадион е 490 милиони долари. Почетокот на работите доцни три месеци, а планираното отворање на стадионот е планирано за 2028 година.

Најголемиот стадион во светот ќе биде дел од џиновски комплекс со површина од 100 хектари, а оддалеченоста од центарот на Казабланка ќе биде дури 38 километри, но ќе биде во близина на аеродромот Бенслиман. Се очекува по завршувањето на Мундијалот во 2030 година, стадионот да го делат двајца големи градски ривали, Видад и Раџа.

Стадионите на Португалија, Шпанија и Мароко за Светското првенство:

Португалија

Жозе Алваладе (Лисабон) – 50.095
Луж (Лисабон) – 65.000
Драгао (Порто) – 50.033

Мароко

Гранд Казабланка (Казабланка) – 115.000
Принц Мулај Абделах (Рабат) – 65.000
ИБН Батута (Тангер) – 80.000
Гранд Маракеш (Маракеш) – 46.000
Азадир (Тангер) – 46.000
Фес (Фес) – 45.000

Шпанија

Гран Канарија (Лас Палмас) – 40.000
Кондоминиум (Мурсија) – 42.000
RCDE (Барселона) – 40.000
Ромареда (Сарагоса) – 42.500
Молинон (Хихон) – 40.000
Риазор (Ла Коруња) – 45.000
Балаидос (Виго) – 40.000
Росаледа (Малага) – 45.000
Аноета (Сан Себастијан) – 40.000
Сан Мамес (Билбао) – 53.331
Картуха (Севиља) – 60.000
Метрополитано (Мадрид) – 70.000
Нова Местаља (Валенсија) – 70.000
Камп Ноу (Барселона) – 105.000
Сантијаго Бернабеу (Мадрид) – 85.000

Слични содржини