Марсеј го отпушти Џенаро Гатузо

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Џенаро Гатузо повеќе не е тренер на Олимпик Марсеј. Според Фабрицио Романо, тој и членовите на неговиот персонал утрово биле информирани дека се ослободени од обврските. Се чека официјалното соопштение на клубот.

Славниот француски тим нема победа на седум натпревари, а последната победа во првенството ја имаше кон средината на декември.

Гатузо го презеде Марсеј на крајот на септември, со само 9 победи во 24 меча досега.

Според „Радио Монте Карло“, раководството веќе се насочило кон Жан Луис Гасе, кој до неодамна беше тренер на Брегот на Слоновата Коска.

Слични содржини