Францускиот тим Олимпик Марсеј е заинтересиран за потписот на Мејсон Гринвуд. Преговорите меѓу двете страни се веќе во напредна фаза, пренесува новинарот Фабрицио Романо.
Се очекува тој да замине на позајмица во гигантот од ривиерата, а доколку се претстави добро може да биде купен трајно.
Англичанецот е во сопственост на Манчестер Јунајтед, но минатата сезона ја помина на позајмица во Хетафе, каде постигна 10 гола на 36 натпревари.
22-годишниот офанзивен фудбалер е дете на „црвените ѓаволи“. Тој дебитираше за гигантот од Манчестер во сезоната 2018/2019. Англичанецот брзо стана ѕвезда, забележа 129 настапи и постигна 35 гола во пет сезони.
Во 2022 година, тој беше уапсен под обвинение за семејно насилство, но властите подоцна го ослободија.
Случајот доби широк одек низ Европа и ги принуди раководните тела на Манчестер Јунајтед да го повлечат талентираниот крилен напаѓач од изборот.