Марсело исфрлен од клубот по невиден скандал сред фудбалски натпревар

од Nikola Popovski
101 прегледи

Според официјалното соопштение на бразилскиот клуб, Марсело и Флуминенсе постигнале договор за раскинување на соработката: „Заемната љубов меѓу двете страни ќе остане вечна. Неговото име е овековечено на стадионот и во тренинг центарот. Му благодариме и ќе продолжиме да го поддржуваме во идните одлуки“.

Скандалот се случи на мечот со Гремио кога тренерот Менезес се обиде да го внесе Марсело во игра. Напнатост настана откако тренерот почна да му ги објаснува тактичките замисли на Марсело, што предизвика жестока реакција кај поранешниот капитен на Реал Мадрид. Тренерот се откажа од замената и го врати играчот на клупата, а набрзо беше објавено дека Марсело повеќе не е член на клубот.

Марсело помина речиси две години во Флуминенсе, со кого ги освои Копа Либертадорес и Копа Судамерикана. Легендата на Реал Мадрид каде играше 15 години до 2022 година, кариерата ја започна токму во Флуминенсе, а кратко настапуваше и за Олимпијакос. За репрезентацијата на Бразил забележа 58 настапи и постигна шест гола.

По ова раскинување на договорот, Марсело ќе одлучи дали ќе стави крај на својата богата кариера или ќе бара нова средина.

Слични содржини