Родителите и семејствата на денешниот 20. Марш на ангелите во Кочани пред зградата на Полициската станица побараа неселиктивна и транспарентна истрага, како и ОЈО ГОКК да објасни и да ја информира јавноста до каде е постапката со обвинителниот акт за вработените од МВР, за коишто какошто велат „се сè уште на слобода, а не со третман каков што заслужуваат нивните постапки“.
-Без независен и некорумпиран судски систем, без инстант политичка одговорност, оваа држава повторно ќе ја изложи младоста на ризик. Вакви трагедии ќе се повторуваат, и тоа е најстрашното сознание. Кој ја одолговлекува постапката? Зошто институциите молчат? Кој ги штити виновните? Нашите деца ги нема, но Вие имате обврска да ја истерате правдата!, порачаа родителите.