Марш против расизмот и полициското насилство: Дали Америка сè уште го сонува сонот на Мартин Лутер Кинг? (видео)

од Nikola Popovski
216 прегледи

Илјадници луѓе се собрале на маршот во Вашингтон за да го осудат расизмот и полициската бруталност на годишнината од маршот во 1963 година, кога лидерот за граѓански права Мартин Лутер Кинг го одржа својот историски говор „Јас имам сон …“.

People attend the March on Washington, Friday Aug. 28, 2020, in Washington, on the 57th anniversary of the Rev. Martin Luther King Jr.’s “I Have A Dream” speech. (AP Photo/Carolyn Kaster)

Во тој често цитиран говор, Кинг замислил време во кое неговите деца „еден ден ќе живеат во свет во кој нема да бидат судени според бојата на кожата, туку според карактерот“.

Џон Луис исто така бил присутен на тој марш во 1963 година, а денес зборувал за важноста на гласањето на изборите во ноември, како и за поврзаноста помеѓу активизмот за граѓанските права на црнците, правата на инвалидите и правата на членовите на ЛГБТ заедницата, против насилството и оружјето.

Ова лето, патем, беше обележано со расни немири и стотици демонстрации низ САД, предизвикани од смртта на Џорџ Флојд, невооружен Афроамериканец, на чиј врат полицаец го држеше своето колено скоро девет минути, сè додека не го задави.

На почетокот на оваа недела, избувнаа протести во Висконсин, откако полицијата неколку пати пукала во грбот уште еден Афроамериканец, Џејкоб Блејк. Блејк го преживеа пукањето, но останал парализиран.

Пешачел 24 дена до Вашингтон

Активистот од Висконсин, Френк Најт, кој пешачел 24 дена и мина 750 километри до Вашингтон, им рекол на собраните дека е дојден за неговите „внуци да не маршираат за истите работи“.

„Тие мислат дека ова се преговори, но јас дојдов да побарам промени“, рекол Најт.

Џамал Будик, 23-годишен студент по историја од Балтимор, рекол дека е важно избраните претставници на граѓаните да разберат дека тоа што им се случило на Флојд и Блејк не смее да се случи повторно.

„Ние само го сакаме она што долго време ни беше одбивано – расната правда“, рекол Будик.

Протестите беа наречени „Марш на посветеноста: Тргни го коленото од вратот“, а учесниците по говорот излегле на прошетка до споменикот на Мартин Лутер Кинг, кој се наоѓа недалеку од Меморијалниот парк Линколн во Вашингтон.

Слични содржини