Марш за женски права пред МВР

од Берта Китинска
443 прегледи

На 8 март, понеделник, по повод Меѓународниот ден на жената во 15.00 часот ќе започне петтиот Марш за женски права од пред Министерство за внатрешни работи што го организираат платформата за родова сигурност и активистките за женски права. Маршот ќе се одвива под слоганот „Држава што не постапува е држава што силува”.

– Заеднички ќе упатиме порака дека не можеме да бидеме слободни кога сè уште се бориме за нашите работнички права, достоинство и почит, и живееме под закана од насилство и системска дискриминација. Маршираме бидејќи држава што не постапува е држава што силува. Маршираме за поддршка на сите жртви на криминалната група „Јавна соба” и сите жртви на родово засновано насилство. Маршираме за да ги потсетиме институциите, МВР и Јавното обвинителство, дека нема да застанеме додека не ги исполнат нашите барања. Тоа се: ЈО неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба” кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство, кривичен прогон на администраторите на групите, како и на сите членови кои праќале и сѐ уште праќаат фотографии и објавуваат лични податоци на девојки и жени, во Кривичниот законик да се регулира сексуалното вознемирување преку интернет и да се обебеди професионално постапување, помош и поддршка на жртвите на родово засновано насилство од страна на сите надлежни институции – велат организаторките на маршот.

Според нив случајот „Јавна соба“ е шанса за институциите да покажат дека се залагаат за женските права и во пракса, а не само декларативно.

Слични содржини