Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал има три опции за продолжување на кариерата, информира Скај Спортс.
Француското крило го бараат Лион и Марсеј во неговата татковина, но и Бешикташ. Се очекува што поскоро да ги разгледа понудите и да донесе одлука за својата иднина.
Марсијал е дел од тимот на „црвените ѓаволи“ веќе девет години откако се пресели од Монако за 36 милиони фунти, но никогаш не успеа да се наметне во стартната постава.
Сериозна пречка за посуштинска улога на Марсијал, исто така, се покажаа како неговите постојани повреди, кои често го оставаа надвор од терените на долги временски периоди.
За тоа време, тој забележа 90 гола и 47 асистенции во 317 натпревари со тимот. Тој веќе се прости од навивачите на 20-кратниот шампион во Премиер лигата.