Мартин Еткинсон ќе го суди дербито Манчестер јунајтед – Ливерпул

од desk3

Фото: 101greatgoals.com

Дербито на деветтото коло во англиската Премиерлига меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул ќе го суди прославениот фудбалски судија Мартин Еткинсон.

Овој меч доаѓа во лошо време за „црвените ѓаволи“ кои се 12. на табелата, го имаат најлошиот старт во последните 30 години и повреден е Пол Погба, а од друга страна, „црвените“ имаат максимални осум победи во осум меча.

Одлуката да суди Еткинсон не е прифатена со воодушевување во Манчестер. Тој важи за арбитар кој му носи среќа на Ливерпул. Еткинсон има покажано 75 жолти и 6 црвени картони за екипите кои играле против Ливерпул. Кога тој бил главен судија, Ливерпул не знае за пораз од 2015 година.

Слични содржини