Мартин Скорсезе – продуцент на серијата која се снима и во Србија

од Vladimir Zorba
367 прегледи

Серијата, како што се наведува во најавата, ќе вклучува осум едночасовни епизоди и ќе ги истражува приказните на извонредните мажи и жени, кои ризикувале се, за да ја отелотворат најблагородната и најсложената суштина на човечкиот род – верата.

Креатор на серијата е Мати Лешем, а развиена е од страна на Мартин Скорсезе за Алтернативната телевизија Лајонсгејт. Сценариото го напиша Кент Џонс, а же го режира Елизабет Чомко.

„Речиси цел живот живеам со приказните за светците, размислувајќи за нивните зборови и дела, замислувајќи ги световите во кои живееле, изборите со кои се соочиле, примерите што ги даваат. Ова се приказни за осум многу различни мажи и жени. Секој од нив живеел во сосема различни историски периоди и сите го следеле патот на љубовта што ним и нам ни се открива во зборовите на Исус во евангелијата. Со нетрпение очекувам да започне овој проект и да работам толку многу вложени и талентирани соработници“, истакна Мартин Скорсезе во соопштението.

Серијата „Светци“ ќе има премиера во ноември оваа година на платформата Fox Nation.

Како што се наведува, меѓународната авторска екипа веќе е во Белград, каде дел од серијата ќе се снима и на различни локации во Србија.

„Имав голема чест да работам со легендарниот Крек на филмот на Бери Левинсон „The Survivor“. Ме покани во Белград, дојдов, се заљубив во градот и му ветив дека ќе се вратам овде да снимам. Задоволство е да се биде повторно со Крек и чест е да се работи со Ивана Миковиќ и со сите талентирани луѓе во продукцијата Firefly“, изјави креаторот и извршен продуцент Мати Лешем.

Слични содржини