280
Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез денес изјави дека фудбалерот Кевин де Бруин не е сериозно повреден, но дека е неизвесен неговиот настап на четвртфиналниот натпревар на Европското првенство против Италија.
Де Бруин беше заменет на почетокот на второто полувреме на натпреварот од осминафиналето против Португалија во неделата, откако го повреди левиот скочен зглоб по стартот на Хуан Палиња.
Белгија победи со 1: 0.
Мартинез рече дека се уште е рано да се одлучи дали Де Бруин ќе игра против Италија во петок, во четвртфиналето на Европското првенство.
Селекторот исто така рече дека Еден Азар не го повредил сериозно мускулот.