Мартинез го менува Куман во Барселона?

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Роберто Мартинез е главниот кандидат за нов тренер на Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Како што се наведува, Куман е на излезната врата на Барселона, а новиот тренер ќе биде промовиран по завршниот турнир во Лигата на нациите.

Претседателот на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта е во контакт со Мартинез, а селекторот на Белгија ги извести работодавачите дека сака да си замине.

Белгиската федерација ќе го пушти долгогодишниот селектор, но со обештетување од еден и пол милиони евра, бидејќи неговиот договор истекува по завршувањето на Светското првенство во Катар 2022 година.

Мартинез ја предводи белгиската репрезентација од 2016 година, која е трета година по ред на врвот на листата на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Претходно беше тренер на Свонси, Виган и Евертон.

Слични содржини