Мартинез на чекор од Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Дефанзивецот на Ајакс, Лисандро Мартинез се очекува денеска да ги помине медицинските прегледи во Манчестер, а потоа да потпише договор со Манчестер Јунајтед.

Во четвртокот „црвените ѓаволи“ постигнаа договор со Ајакс според кој за играчот ќе платат вкупно 55 милиони евра. Мартинез ќе потпише договор до 2027 година.

Ајакс не сакаше да се раздели со дефанзивецот, но играчот изрази желба да си замине. Неговиот поранешен тренер Ерик тен Хаг одигра одлучувачка улога во трансферот.

Мартинез вчера замина за Манчестер за да ја финализира преселбата на „Олд Трафорд“.

Аргентинскиот репрезентативец ќе стане третото ново засилување на Манчестер Јунајтед по Тајрел Маласија и Кристијан Ериксен.

Слични содржини