Мартинез: Навивачите кои влетуваат на теренот за селфи со Роналдо се безбедносна закана

од Vladimir Zorba
373 прегледи

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез изрази загриженост за безбедноста на играчите откако неколку гледачи упаднаа на теренот за да побараат селфи со Кристијано Роналдо за време и непосредно по победата на Португалија над Турција од 3:0 во Дортмунд.

Португалскиот капитен Роналдо позираше за селфи на 20 минути пред крајот на натпреварот, но уште петмина подоцна излегоа на теренот во очигледен обид да се фотографираат со асот на Ал Наср.

Човекот на натпреварот Бернардо Силва рече дека тоа е „цената што ја плаќаме затоа што сме толку признати во светот на фудбалот и имаме играч како Роналдо со нас“.

Мартинез, сепак, предупреди дека „инвазиите на теренот“ ги оставаат играчите изложени и требаше да бидат запрени од обезбедувањето.

„Загрижувачки е затоа што денес имавме среќа што намерите на навивачите беа добри. Мислам дека сите сакаме навивач кој ја препознава таа голема ѕвезда и големите икони… но можете да разберете дека би бил многу тежок момент доколку тие намери беа погрешни“, додаде Мартинез.

Обезбедувањето на стадионите за време на УЕФА ЕУРО досега направи многу грешки, бидејќи на многу натпревари е забележана инвазија на теренот. Но, ниту еден од „скокачите“, а имаше и деца, не ја загрози безбедноста на актерите на теренот. Сепак, донекаде жалбата на Мартинез е оправдана бидејќи тоа може да биде и покана за некој кој не сака само селфи со својот омилен играч.

Слични содржини