14
Централниот бек на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез остана лут по поразот од Вест хем со 2:1 вчера во Премиер лигата.
„Игравме навистина добро во првото полувреме, но во второто нашето ниво падна“, изјави Мартинез за клупската телевизија MUTV.
„Мразам да губам и мразам што го загубивме овој натпревар. Тоа не е нешто што го сакаме во нашиот клуб“, додаде аргентинскиот репрезентативец.
Манчестер Јунајтед има само три победи во Премиер лигата, заземајќи го 14-то место во провизорниот поредок со 11 бодови.
„Искрено, многу сум разочаран. Пропуштивме многу шанси и тешко е да го прифатиме тоа, но мораме. Ќе направиме се што можеме за да го вратиме клубот таму каде што заслужува“,изјави 26-годишниот фудбалер.