Мас: Германија и натаму ќе се залага за решение за бугарско-македонскиот спор

од Берта Китинска
355 прегледи

Германско Претседателство со Советот на ЕУ, вложи многу напор во обидот да се дојде до решение во спорот меѓу Бугарија и С.Македонија. За жал, без успех, вели германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во интервју за „Дојче Веле“.

-Германија ќе продолжи да се залага за изнаоѓање решение за бугарско-македонскиот спор и по завршувањето на германското претседателство со ЕУ на крајот на оваа година. Ние сме последните кои кочат кога станува збор за оваа тема. Во суштина, кога се работи за блокадата, станува збор за билатералните односи на Бугарија и Северна Македонија. Ние, како претседателство со Советот на ЕУ, вложивме многу напор во обидот да се дојде до решение. За жал, без успех, додава Мас.

Според него, земјите од Западен Балкан, аспиранти за членство во ЕУ, направија огромен напредок во последните години, а особено Северна Македонија.

– Луѓето таму својата иднина ја гледаат во ЕУ. Затоа мора да можат да се потпрат на нашите ветувања, во спротивно ќе го завртат грбот, нагласува Мас.

Шефот на германската дипломатија оценува дека европската перспективата е важен стимул за политички и за реформи во делот на правната држава, кои се во интерес и на ЕУ.

 

Слични содржини