Никој од Европската Унија не ја доведе во прашање европската перспектива на Северна Македонија, рече германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас на прес конференција по средбата со министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров.
„Оној, кој ќе успее да направи болни компромиси со своите соседи, кој ќе почне долгорочни реформи нему мораме да му ја отвориме вратата на ЕУ, тоа е духот на европскиот проект. Никој во ЕУ не ја доведува во прашање пристапната перспектива на Северна Македонија. Сега останува на нас да го дадеме сето она што ни стои на располагање, како поддршка од ЕУ да го искористиме“ рече Мас.
Тој додаде дека во последниот период имале повеќе средби со Димитров, што според него покажува колку сме важни и колку е важен пристапниот процес.
Посакувал неговата посета да се одржи во подобри околности, но како што додаде, дека мора да се гледа напред кон иднината. Мас нагласи дека не биле задоволни од одлуката на Советот, но дека не се откажуваат.
„Потребна ни е согласност на сите во ЕУ и ќе продолжиме да работиме со луѓето од Северна Македонија. Стабилен и демократски развој е во интерес на сите граѓани“, нагласи Мас.
Фото: Борче Поповски