„Дискусиите за прекројување на границите на Балканот не само што се нереални, туку се и крајно опасни “, рекол германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас. Во Приштина тој повикал на продолжување на дијалогот меѓу Србија и Косово.
„Сметаме дека е опасно дури и да се започне дискусија за промена на границите“, рекол шефот на германската дипломатија, Хајко Мас, по средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи.
Германскиот министер истакна дека Берлин ги поддржува реформите на владата на Косово и дека Приштина има постојана поддршка од Германија во дијалогот и нормализирање на односите со Србија.
Мас вети понатамошна поддршка на Косово на патот кон Европската унија и повика на укинување на визите за жителите на Косово да останат во Шенген зоната до 90 дена.
Говорејќи за пандемијата на коронавирус, Мас рече дека тоа ни покажало „колку тесно се поврзани судбините на Германија, Европската унија и Западен Балкан“. Европската унија во вторникот на 20.4. објави дека шест балкански земји кои не се членки на ЕУ ќе помогнат со 651. 000 дози на вакцина.
Германскиот министер за надворешни работи ја продолжува посетата на регионот во Белград.