Масакр во градинка во Тајланд: Напаѓачот си ги убил сопругата и детето, па се самоубил

од Stefanija Kuzmanovska
256 прегледи

Напаѓачот кој денеска уби најмалку 32 лица, меѓу кои и деца во градинка во североисточниот дел на Тајланд, ги убил и сопругата и детето, а потоа извршил самоубиство, изјави портпаролот на полицијата, пренесе „Ројтерс“.

Тој рече дека напаѓачот е поранешен полицаец, а меѓу жртвите има најмалку 22 деца, наведува британската агенција.

Пукањето се случило во градинка во Нонг Буа Лампу.

Како што јави Би-Би-Си, напаѓачот денеска со огнено оружје и нож ги убил жртвите.

Премиерот на Тајланд претходно ги овласти сите релевантни агенции да се вклучат во потрагата и да го уапсат осомничениот, изјави владиниот портпарол.

Масакрот се случи во Нонг Буа Лампу, во североисточниот дел на Тајланд, каде масовните убиства се ретки.

Слични содржини