Масакр во Лос Анџелес: Напаѓачот се самоубил откако усмртил 10 лица

од Stefanija Kuzmanovska
167 прегледи

Осомничениот вооружен напаѓач кој уби 10 луѓе и рани уште 10 за време на прославата на Лунарната Нова Година во Монтереј парк, Лос Анџелес, изврши самоубиство околу 12 часа откако беше опколен од полицијата, соопштија властите во Калифорнија.

Вооружениот 72-годишен маж, се обидел повторно да го употреби своето огнено оружје во друг клуб само неколку минути по првото пукање во саботата вечерта, но властите наведоа дека двајца случајни минувачи му го одзеле оружјето пред да пука и тој побегнал од местото, пренесува „Ројтерс“.

Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна, го идентификуваше осомничениот како Хју Кан Тран, за кој рече дека пукал со огнено оружје во популарен танцов клуб со сениори во паркот Монтереј, 11 километри источно од центарот на Лос Анџелес.

Слични содржини