Масакр во Вирџинијa – незадоволен работник уби 12 колеги

од desk2
117 прегледи

Градот Вирџинија Бич во американската држава Вирџинија е главна тема на црната хроника во САД, но и во светот. Во напад со автоматско оружје во зградата на локалнaта власт во Вирџинија Бич во сојузната американска држава Вирџинија, отпуштен административец уби најмалку 12 колеги и граѓани кои случајно се затекле тука и рани повеќемина.

Како што известуваат американските медиуми, напаѓачот бил вооружен со пиштол калибар 45 со придушувач, а со себе имал шаржери кои ги менувал во текот на пукањето. Еден полицаец е ранет во текот на пукањето, но панцирот што го носел му го спасил животот. ФБИ исто така биле на местото на настанот и обезбедувале поддршка за локалната полиција.

Шефот на полицијата Џејмс Кервера рече дека деталите и околностите на пукањето се истражуваат. Кервера рече дека осомничениот бил долгогодишен општински работник и го опиша како „лут и незадоволен“, смирувајќи го населението.

„Напаѓачот е елиминиран и ќе кажам дека нашите граѓани можат мирно да ја поминат ноќта“ – изјави Карвера.

„Ова е најразорен ден во историјата на Вирџинија Бич“, изјави градоначалникот Боби Даер на прес-конференција со шефот на полицијата – „Наши пријатели, соработници, соседи и колеги беа убиени“, додаде тој.

„Ова е најтемен ден на Вирџинија Бич, се случи бесчуствително злосторство, кое предизвика голема тага меѓу нас“, вели тој.


Сведоците го потврдуваат чинот на насилството и обидите на полицијата да го совладаат напаѓачот.

„Слушнавме пукање, но не знаевме дека е толку блиску, веднаш до зградата и му благодарам на господ што не алармираа на време за случувањата“ – вели еден од сведоците.

Напаѓачот е убиен во престрелката. Станува збор за Двејн Кредок, 40 годишен службеник кој работел на проекти од патната инфраструктура во општината. Медиумите го опишуваат како „разочаран долгогодишен работник во локалната администрација кој добил отказ“.