Maserati Grecale PrimaSerie

од Vladimir Zorba

Maserati најави дека ќе понуди ограничена едиција на кросоверот Grecala во Северна Америка подоцна оваа година.

Поточно, италијанскиот производител го подготви врвниот Grecale Trofeo со пакетот PrimaSerie, а го придвижува новиот Nettuno V6 мотор со 384 kW/523 КС.

Овој кросовер се одликува со уникатни надворешни бои и нови комбинации на бои во внатрешноста.

Меѓу другото, ќе биде достапен во Giallo Corse боја, со 21-инчни Crio тркала, црвени клешти на сопирачките, црна внатрешност и жолти шевови.

Возилото доаѓа и со пакетите Premium Plus и Techssistance, кои вклучуваат вентилирани предни седишта, аудио систем Sonus со 21 звучник, head-up дисплеј, безжично полнење, спортски педали и друго.

Maserati најавува дека ќе понуди и PrimaSerie издание со моделот Grecale Modena, кој има благ хибриден мотор со четири цилиндри со 239 kW/325 кс. Ќе биде достапен во три бои (Bianco Astro, Blu Nobile и Grigio Cangiante), како и со 21-инчни Pegaso тркала.

Maserati комбинира три надворешни бои со различни обоени акценти. Така, Bianco Astro е поврзан со ентериерот на Rosso, Grigio шевовите и пиано-црната декорација. Однадвор, белиот кросовер добива црвени клешти на сопирачките.

Blu Nobile има сини клешти на сопирачките, црна внатрешност, сини шевови и облоги во црна боја на пијано.

Grigio Cangiante исто така добива сини клешти на сопирачките, но Maserati ја менува внатрешноста со Ghiaccio внатрешност, Grigio шевови и повеќе пиано-црни облоги.

Modena PrimaSerie стандардно доаѓа и со Premium Plus пакетот на Maserati, кој додава спортски седишта, аудио систем Sonus со 21 звучник, вентилирани предни седишта и греење на задните седишта. Пакетот Techsisstance додава head-up дисплеј, брусени алуминиумски педали и тризонска контрола на климата.

Maserati ќе произведе само 325 примероци од Grecale PrimaSerie за северноамериканскиот пазар, а тие ќе бидат достапни кај дилерите оваа есен.

Слични содржини