Маск: Без буџетски кратења, САД се движат кон банкрот

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Милијардерот Илон Маск, кој ја предводи американската Комисија за владина ефикасност (DOGE), синоќа во Белата куќа изјави дека без буџетски кратења, САД одат кон „банкрот“.

„Имаме дефицит од 2 трилиони долари и ако не преземеме нешто за тој дефицит, земјата ќе банкротира“, рече Маск во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го назначи да раководи со Комисијата.

Опозициската Демократска партија во САД ги осудува постапките на Маск, сметајќи ги за незаконски бидејќи милијардерот нема изборен мандат за комисијата, ниту е официјално член на владата.

Слични содржини