Маск: Демократската партија се обидува да ја уништи демократијата во САД

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Блискиот соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск, изнесе детали за наводниот план на Демократската партија за Америка, предупредувајќи на можни последици во случај на нивна идна политичка доминација.

Маск за поткастот „Wall Street Apes“ на „X“ изјави дека Демократската партија се обидува да ја „уништи демократијата“ во САД преку, како што рече, „купување гласачи“, односно увезување илегални имигранти кои најверојатно ќе гласаат за демократите.

Тој посочи дека е „само прашање на време“ кога овие имигранти ќе станат граѓани, што, како што рече, ќе доведе до постојана политичка доминација на една партија.

Слични содржини