368
Инвазијата на Русија секогаш била лоша идеја, истакна американскиот милијардер Елон Маск, коментирајќи ја објавата на социјалната мрежа Икс за походот на Наполеон против Русија во 1812 година, пренесува „Спутник“.
„Наполеон не бил многу паметен“, се вели во објавата која ја коментирал Маск, имајќи предвид дека со доаѓањето на зимата, походот на неговата војска се претворил во бегство.
„Едноставно, не започнувајте инвазија на Русија. Тоа никогаш не било добра идеја“, порачал Маск.