Во согласност со неговата намера да ја преуреди својата нова аквизиција, новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, размислува да почне да им наплаќа на корисниците 20 долари месечно или 240 долари годишно за синиот штиклиран знак за проверка на нивните профили.
Технолошкиот сајт Платформер објави дека најбогатиот човек на светот планира промени во моделот на претплата на Твитер, вклучително и зголемување на цената на услугата од 4,99 долари на 19,99 долари.
Корисниците на мрежата, кои имаат потврдени профили, ќе имаат 90 дена да ги прифатат новите услови или ќе го изгубат синиот штиклиран знак.
Маск директно не ја коментираше оваа приказна, но на Твитер сподели со своите 110 милиони следбеници дека „се планира да се промени целиот процес на верификација“.
Тој, исто така, означи и анкета на Твитер во која ги прашува корисниците колку ќе плаќаат месечно за синиот знак: 5, 10, 15 долари или „не би платиле“.
Истражувањето го иницираше технолошкиот инвеститор Џејсон Калаканис, соработник на Маск и дел од тимот што милијардерот го ангажираше да дојде и да помогне во управувањето на мрежата по купувањето од 44 милијарди долари.
Огромното мнозинство на корисници одговориле на анкетата дека воопшто нема да платат, а значително малцинство изјавиле дека ќе платат.