Маск го повика Закерберг на „борба во кафез“, набрзо доби изненадувачки одговор

од Vladimir Zorba
471 прегледи

Сопственикот на Твитер, Елон Маск, денеска започна кавга со шефот на Фејсбук, Марк Закерберг, исмевајќи ја неговата компанија Мета, која се обидува да лансира платформа за „микро-блогирање“ за да му се спротивстави на Твитер.

„Сигурен сум дека Земјата едвај чека да биде само под палецот на Закерберг без други опции“, напиша Маск на Твитер, пренесе Politico.

Тој додаде дека е за „борба во кафез“ со сопственикот на Фејсбук, „ако и тој е за тоа“.

Закерберг одговори на Инстаграм, пишувајќи: „Испрати ми ја локацијата“.

Слични содржини