Маск го раскинува договорот со „Twitter“, акциите на компанијата паднаа за 6%

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Извршниот директор на американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“, Елон Маск објави раскинување на договорот со „Twitter Inc“, вреден 44 милијарди долари, поради материјално прекршување на неколку одредби од договорот.

Со ова се стави крај на „сагата“ за тоа дали Маск ќе го преземе или не „Twitter“, и откако потпиша договор со компанијата во април оваа година и потоа го стави купувањето на таа компанија во мирување додека оттаму не докажат дека т.н. „спам сметки“ сочинуваат помалку од пет проценти од вкупните корисници, пренесе „Хина“.

Акциите на „Twitter“ паднаа за шест отсто во продолженото тргување, пренесе Ројтерс.

„АП“ пишува дека не е познато дали управниот одбор на „Twitter“ ќе ја прифати отштетата од една милијарда долари или ќе бара спогодба на суд.

Маск, најбогатиот човек на светот, претходно посочи дека еден од неговите приоритети по преземањето на „Twitter“ ќе биде отстранување на „ботовите“ од платформата.

Слични содржини