Маск го враќа Трамп на Твитер: „Народот го кажа своето“

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Елон Маск, новиот шеф на Твитер, во саботата објави дека ќе ја врати сметката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, забранета на социјалната мрежа по нападот на Капитол Хил во Вашингтон во јануари 2021 година.

„Народот го кажа своето. Трамп ќе биде вратен“, напиша Маск на својот профил на Твитер по резултатите од анкетата објавена меѓу неговите претплатници, кои гласаа „за“ враќање на републиканскиот политичар на платформата.

Нешто повеќе од 15 милиони корисници на Твитер гласаа во анкетата, а 51,8 отсто гласаа за негово враќање.

Трамп претходно изгледаше помалку ентузијаст за неговото враќање на некогаш омилената социјална мрежа.

„Не гледам причина за тоа“, рече поранешниот претседател преку видео на прашањето дали планира да се врати на Твитер на панел на годишниот лидерски состанок на Републиканската партија.

Слични содржини