Маск ја посетил Белата куќа во 2023 година, објавени детали

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот милијардер и претприемач Елон Маск допатувал во непријавена посета на Белата куќа во 2023 година за да разговара за прашања за вештачката интелигенција со официјални лица, објави NBC News.

Извршниот директор на компаниите „Спејсекс“ и „Тесла“ ја посетил Белата куќа на 13 септември, според официјалниот запис за посетители.

Белата куќа потврди за американската телевизија дека темата била вештачката интелигенција и дека Маск и Бајден не се сретнале.

Исто така, истакна дека ова била единствената посета на Маск на Белата куќа за време на администрацијата на Бајден.

Милијардерот неколку пати ја посети Белата куќа за време на администрациите на Барак Обама и Доналд Трамп, пренесува NBC News.

Маск е најбогатиот човек во светот, со нето богатство од 209 милијарди долари, според индексот на милијардери на „Блумберг“.

Слични содржини