Маск лансира своја вештачка интелигенција

од Stefanija Kuzmanovska
211 прегледи

Американскиот милијардер Елон Маск изјави дека ќе лансира вештачка интелигенција (AI) која ја нарекува „TruthGPT“.

„Ќе започнам нешто што го нарекувам TruthGPT или вештачка интелигенција која ја бара вистината и која се обидува да ја разбере природата на универзумот“, рече Маск во синоќешното интервју за „Фокс њуз“.

Тој верува дека ова може да биде најдобриот пат кон безбедноста, „во смисла дека постои вештачка интелигенција која се грижи за разбирање на универзумот и која нема да го уништи човештвото, бидејќи ние, луѓето, сме интересен дел од тој универзум“, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини