204
Новиот сопственик на „Твитер“, американскиот милијардер Елон Маск изјави дека мисијата на компанијата ќе биде да стане најточниот извор на информации во светот.
„Твитер мора да стане најточниот извор на информации во светот. Тоа е нашата мисија“, напиша Маск во објава на Твитер, пренесува АП.
Маск, сопственик на производителот на електрични автомобили Tesla Motors и SpaceX, кој развива вселенска програма, минатиот месец изјави дека „Твитер“ ќе формира совет за модерација на содржината.