Целиот свет со нетрпение го чекаше натпреварот помеѓу Аргентина и Франција, а во Катар пристигнаа многу познати личности. Секако, овој настан сам по себе привлекува големо внимание и популарност, а покрај бројните други познати личности од сите сфери, на финалето беше присутен и вториот најбогат човек во светот, Илон Маск.
На Твитер се појави слика на која се гледа основачот и директорот на бројни компании, меѓу кои и „SpaceX“ и „Tesla“.
Она што многумина ги шокираше е тоа што тој бил облечен премногу лежерно за таа пригода. Како што пишуваат корисниците на социјалните мрежи изгледал како да се симнал до продавница наместо да пристигне на најголемиот спортски настан во светот. Фановите почнаа да се шегуваат за тоа.
Elon Musk is at the World Cup final.#FIFAWorldCup pic.twitter.com/LLLNlED1Eu
— SPORTbible (@sportbible) December 18, 2022