190
Американскиот милијардер Елон Маск изјави дека SpaceX не добил никакви финансиски средства од американското министерство за одбрана за Starlink, еден ден откако се појавија информации дека Пентагон размислува плаќање за услугите на мрежата во Украина.
SpaceX губи приближно 20 милиони долари месечно за одржување на сателитски услуги во Украина, но Маск најави дека ќе продолжи со финансирањето и покрај тоа, пренесува „Ројтерс“.
Starlink е мрежа од микросателити дизајнирани да обезбедат пристап до Интернет.