36
Сопствениците на Ливерпул, Fenway Sports Group, немаат намера да го продадат клубот и немаат добиено понуда од Илон Маск.
Во последните денови во Англија се зборуваше дека милијардерот би бил заинтересиран да го купи клубот од Мерсисајд. Оваа шпекулација беше поттикната од зборовите на таткото на Илан, Ерол.
„Не можам да коментирам за тоа. Тие ќе ја зголемат цената“, изјави Маск за „Тајмс“.
Запрашан дали Илон би сакал да го купи Ливерпул, тој додаде: „О, да. Но, тоа не значи дека го купува. Тој би сакал, очигледно. Секој друг би сакал, а јас би“.
Во мај 2024 година, Ливерпул беше оценет како четврти најскап клуб во светот со проценета вредност од 4,3 милијарди фунти.