Милијардерот Елон Маск, новиот сопственик на „Твитер“, најави дека услугата за верификација на профилите повторно ќе биде отворена следната недела.
Корисниците на Твитер пријавија проблеми при најавувањето на оваа услуга. Американските медиуми, повикувајќи се на извори од „Твитер“, наведуваат дека услугата била привремено затворена во четвртокот.
Маск во саботата твитна дека услугата би можела да биде во функција до крајот на следната недела.
The most remarkable two paragraphs ever written in human history pic.twitter.com/41CNXS6hq2
— Phil Bak 🎩 (@philbak1) November 12, 2022
Twitter Blue, платена услуга, додава сина ознака за проверка на корисниците за да укаже на потврден профил и овозможува ран пристап до новите функции на социјалната мрежа.
„Твитер“ ја отвори оваа услуга на 9 ноември и за само еден ден многу лажни и пародиски профили на овој начин беа потврдени како оригинални.
Маск исто така твитна дека профилите кои имитираат познати личности ќе мора да имаат ознака „пародија“ во називот, наместо опис. Тој додаде дека со проширувањето на верификацијата повеќе нема да има предупредувања пред суспензија и дека сите ќе мора да ги почитуваат овие правила.