Маск објасни зошто инвестирал во биткоин, а не во неговата омилена валута

од Stefanija Kuzmanovska
282 прегледи

Елон Маск, шефот на „Тесла“, објасни зошто вложил 1,5 милијарди долари во биткоин, наместо во неговата омилена дигитална валута, смешниот dogecoin, која често е предмет на неговите твитови.

Маск, одговарајќи на луѓето на Твитер, објасни дека она што го прави компанијата „Тесла“ не е секогаш одраз на она што тој го мисли.

Тој објасни дека биткоинот е „помалку глупава форма на ликвидност од готовината“ и дека неговиот потег е доволна авантура за една S & P500 компанија и дека инвестирањето во dogecoin сепак би било премногу несериозно за една од 500-те најсилни компании во светот.

Маск истакна дека тој е инженер, а не инвеститор.

– Јас дури и не поседувам акции на ниту една друга компанија, освен на „Тесла“ – напиша тој.

Не само што „Телса“ инвестираше во биткоинот на почетокот на овој месец, туку компанијата објави дека наскоро ќе им овозможи на луѓето да плаќаат за своите автомобили во оваа валута.

Слични содржини