Маск побара одложување на парницата со „Твитер“

од Stefanija Kuzmanovska
286 прегледи

Американскиот милијардер Елон Маск побара од судијата да ја одложи неговата парница со „Твитер“ за 28 октомври, што судијата во Делавер го одобри, објави „Ројтерс“.

Спорот произлегува од нерешеното финансирање на договорот од 44 милијарди долари постигнат во април за купување на „Твитер“.

Маск и компанијата „Твитер“ во наредните денови би можеле да постигнат договор за прекин на парницата, што ќе му овозможи на најбогатиот човек на светот да ја купи компанијата за 44 милијарди долари.