Маск почна да се меша и во Британија -бара да го ослободат од затвор лидерот на британската крајна десница

од Vladimir Zorba
37 прегледи

Извршниот директор на платформата „X“, Илон Маск, изјави дека Велика Британија треба да го ослободи од затвор британскиот екстремно десничарски активист Томи Робинсон.

Робинсон, основач на Aнглиската одбранбена лига, беше осуден на 18 месеци затвор во октомври минатата година поради прекршување на судска наредба откако прикажа документарен филм во кој имаше клеветнички тврдења за момче бегалец од Сирија.

Маск го сподели документарецот со повеќе од 210 милиони негови следбеници на „X“.

Робинсон е еден од најпознатите претставници на британската екстремна десница, пишува британски Политико.

Неговите протести во Лондон често привлекуваат илјадници поддржувачи, а тој беше член на Британската национална партија (БНП), а во 2019 година не успеа да освои место во Европскиот парламент.

Адвокатите на момчето, кои го тужеа Робинсон за клевета, рекоа дека лажните тврдења на документарецот имаа катастрофален ефект врз момчето и неговото семејство, принудувајќи ги да се иселат од својот дом.

Слични содржини