Маск порача: Ве молам купете го мојот парфем, за да можам да го купам Твитер

од Stefanija Kuzmanovska
239 прегледи

Основачот на Tesla и мултимилијардерот Елон Маск на Твитер, социјалната мрежа која има намера да ја купи, продолжи да објавува содржини кои го будат вниманието на светската јавност.

Имено, тој ги повика корисниците на Твитер да го купат неговиот парфем.

„Ве молам купете го мојот парфем, за да можам да го купам Твитер“, порача Маск.

Инаку, името на парфемот е многу необично и интересно – Burnt Hair.

Можно е Маск ова да го напишал иронично со оглед на тоа дека често знае да се пошегува на своја сметка и да пишува разни шеги.

Со оглед на тоа дека деловниот весник „Форбс“ неговото богатство го процени на дури 151 милијарда долари, тешко е да се поверува дека најбогатиот човек на светот нема доволно пари да го купи „Твитер“, односно дека за тоа му требаат пари од продажбата на парфеми.

Тој тврди дека веќе се продадени 10.000 шишиња парфем, а цената на едно шише е 100 долари.

Според неговите зборови, за неколку часа заработил милион долари од продажбата на парфемот.

Слични содржини