601
Eлон Маск повторно е најбогатиот човек на светот, според ажурираните податоци на Bloomberg Billionaires Index (рангирање на „Блумберг“ на најбогатите луѓе), објави CNB.
Според последните проценки, богатството на Маск оваа година пораснало за 40,3 отсто на 192 милијарди долари, а во мај акциите на производителот на електрични автомобили со кои тој раководи, Tesla, пораснале за 24 отсто. Во моментов, милијардерот поседува 13 отсто од автомобилската компанија.
Во декември минатата година, Маск го отстапи првото место на извршниот директор на компанијата за луксузни стоки LVMH, Бернард Арно, откако Елон Маск со купувањето на Twitter од 44 милијарди долари, ги намали акциите на Tesla.