Маск преку колумна во „Велт ам Зонтаг“ повторно ја поддржа Алтернатива за Германија, уредничката поднесе оставка

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Американскиот милијардер Илон Маск ја поддржа германската партија Алтернатива за Германија (AfD) во напис за „Велт ам Зонтаг“, кој вчера беше објавен, а во знак на протест, уредникот на колумната поднесе оставка.

Во коментарот објавен на германски од водечкиот весник на медиумската групација Аксел Спрингер, Маск ја прошири минатонеделната објава на социјалната мрежа Х, кога изјави дека „само АфД може да ја спаси Германија“.

„Прикажувањето на АфД како крајна десница е очигледно лажно, имајќи предвид дека лидерката на партијата Алис Вајдел има истопол партнер од Шри Ланка. Дали тоа ви звучи како Хитлер? Ве молам“, напиша Маск, пренесе Хина.

Набргу по објавувањето на написот на интернет, уредничката на колумната, Ева Мари Когел на социјалната мрежа „Х“ напиша дека поднела оставка.

„Демократијата и новинарството напредуваат преку слободата на изразување. Ова вклучува справување со различни гледишта и нивната новинарска класификација“, изјавија за Ројтерс главниот уредник на весникот, Јан Филип Бургард и Улф Пошард, кој ја презема функцијата издавач на 1 јануари.

Маск го бранеше правото да влијае на германската политика поради неговите „значајни инвестиции“ и да ја поддржи АфД пред парламентарните избори на 23 февруари следната година.

Алтернативата е втора во анкетите и би можела да ја спречи централнодесничарската или левиот центар да добијат мнозинство во Бундестагот, но најголемите германски партии ветија дека нема да соработуваат со нив на федерално ниво.

Слични содржини