Маск се подготвува за борба со Закерберг, има и помош: „Исклучително сум импресиониран“

од Vladimir Zorba
402 прегледи

Најбогатиот човек на светот, според Форбс, Елон Маск, „тежи“ 232 милијарди долари, договорил борба во кафез против 10-от најбогат човек на светот, Марк Закерберг, кој има приближно 100 милијарди долари на својата сметка, пишува Би-Би-Си, а сега почнале и со подготовките.

Маск почна да тренира ММА, а му помога Лекс Фридман, компјутерски научник и подкастер кој има црн појас.

– Исклучително сум импресиониран од неговата сила, моќ и умешност, на нозе и на земја – напиша Фридман покрај фотографијата од дуото како вежба.

Маск добил сензационална понуда и од легендата на УФЦ, Жорж Сент-Пјер (42) да му помогне да се подготви, пишува Daily Mail.

– Јас сум твој голем обожавател и би ми било апсолутна чест да ти помогнам и да бидам твој тренинг партнер за предизвикот против Закерберг – напиша Пјер на Твитер, што Маск го прифати.

Шефот на УФЦ, Дејна Вајт, рече дека ова ќе биде една од најгледаните борби досега.

– Разговарав со Марк и Елон… и двајцата се апсолутно мртви сериозни за ова. Најголемата борба на сите времиња беше Флојд (Мејведер) и Конор (Мек Грегор), само мислам дека сега ќе биде тројно поголема“, изјави тој за TMZ.

Исто така, Вајт сугерираше дека борбата може да се одржи во Лас Вегас и дека плаќањето „по гледање“ ќе чини 100 долари – 20 повеќе од она што вообичаено се наплаќа за настани на УФЦ.

Да потсетиме дека Маск ја објави веста за апликација која ќе му конкурира на Facebook, а Закерберг ја коментираше објавата. Сè започна кога еден корисник на Твитер му напиша на Маск:

– Биди внимателен бидејќи слушнав дека Закерберг сега вежба џиу џицу.

Потоа, Маск објави на Твитер дека е „подготвен за борба во кафез“, а Закерберг брзо одговори и напиша: „Испрати ми ја локацијата“.

Слични содржини