Милијардерот Елон Маск, кој моментално важи за најбогат човек на планетата, се шегувал дека го купува Манчестер Јунајтед.
„Да бидам јасен, ја поддржувам левата половина на Републиканската партија и десната на Демократската партија. Исто така, го купувам Манчестер Јунајтед“.
За само неколку часа неговата порака доби над 200.000 лајкови и повеќе од 36.000 споделувања.
Маск во друга објава мораше да појасни дека се работи за „долгогодишна шега“.
„Не, ова е долгогодишна шега на Твитер. Нема да купам ниту еден спортски клуб“, напиша основачот на Tesla.
Манчестер Јунајтед е во сопственост на семејството Глејзер од 2005 година. Рекордeрот по титули во Англија, Јунајтед не се крунисани за шампиони од пензионирањето на менаџерот Сер Алекс Фергусон, а последен пат победија во 2013 година.