Маск: Шолц треба да поднесе оставка по нападот на божиќниот пазар

од Vladimir Zorba
53 прегледи

Американскиот милијардер Илон Маск, кој е назначен за советник од новоизбраниот претседател на САД, го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да поднесе оставка како одговор на смртоносниот напад на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург.

„Шолц треба веднаш да поднесе оставка“, напиша Маск во синоќешната објава на мрежата Х, опишувајќи го германскиот канцелар како „неспособен“.

Маск реагираше на извештаите за вчерашниот инцидент кога автомобил удри во луѓе на божиќниот пазар во Магдебург, при што загинаа најмалку две лица, а десетици беа повредени, јавува Ројтерс.

Слични содржини