Мaск: „Tesla“ ќе банкротира до 10 месеци, ако не се скратат суштински трошоците

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Основачот и генерален директор на „Tesla“, Елон Маск, соопшти дека производителот на електрични возила ќе остане без пари до 10 месеци, ако раководството не преземе сериозни мерки за намалување на трошоците.

Ова станува јасно од писмо на Маск до неговите вработени, што се најде и во рацете на американските медиуми.

Во првиот квартал од 2019 година, „Tesla“ изгуби 702 милиони долари и дополнително ја влоши својата финансиска позиција. Сега Маск и Зак Киркхорн, кој неодамна беше назначен за финансиски директор, имаат намера лично да ги контролираат сите трошоци на компанијата, вклучувајќи парите за надворешно снабдување на делови и опрема, платите на вработените итн, пишува „The Verge“.

Во април приходите на Tesla се 2,7 милијарди долари, но во писмото на Маск се вели дека оваа сума ќе обезбеди само 10 месеци на компанијата, ако не се преземат мерки. Пред година милијардерот исто направи таква изјава, а тогаш ги повика вработените да ги ограничат максимално трошоците.

Подоцна Маск ја поедностави организационата структура на компанијата, откако во јуни 2018 година скрати 9% од вработените, а во јануари 2019 година истото се случи и со уште 7%.

Во исто време, стана јасно дека Националниот комитет за безбедност во сообраќајот (NHTSB) ја заврши истрагата за несреќата на „Tesla Model 3“, во која беше убиен возачот. Инцидентот се случи на 1 март на Флорида, но едвај сега се пријавуваат деталите.

Таквите инциденти го натераа концернот да го подобри својот софтвер за батериите. „Tesla“ откри дека додека продолжуваат да проучуваат каде е коренот на нивните проблеми, таа ќе направи некои промени со цел „да ја заштити батеријата и да го зголеми нејзиниот живот“.