Наскоро почнува снимање на филмот заснован на неодамнешната авторизирана биографија за Елон Маскна на Волтер Ајзаксон, а истиот ќе го режира и продуцира Дарен Аронофски.
Додека деталите за филмот се држат во тајност, 52-годишниот извршен директор на „Тесла“ го сподели својот ентузијазам за проектот на неговата платформа за социјални медиуми, X (порано позната како Твитер ).
„Мило ми е што Дарен ќе го направи тоа. Тој е еден од најдобрите“, напиша Маск.
Претходните филмови на Аронофски ги вклучуваат Black Swan, The Wrestler и Requiem for a Dream.
Во авторизираната биографија, објавена во септември, Маск открива нови детали за своето детство, неговите односи со поранешните сопруги и девојки и неговите деца.
Според издавачот Simon & Schuster, Ајзаксон, кој претходно напиша биографија за починатиот ко-основач на Apple, Стив Џобс, поминал две години следејќи го и интервјуирајќи го самиот Маск, како и разговарајќи со неговото семејство, пријателите и колегите.
„Тој има многу обожаватели и многу непријатели, а мојата книга се обидува да раскаже јасна нарација“, рече Ајзаксон зборувајќи за Маск.
Покрај неговите различни деловни и технолошки потфати, Маск е татко на 11 деца.